SportM
Ракомет

ГРК Охрид се пофали со трансфер „бомба“, потпиша со најдобриот шпански дефанзивец, шест години играше во Барселона!

Редакција4 јун 2025
ГРК Охрид се пофали со трансфер „бомба“, потпиша со најдобриот шпански дефанзивец, шест години играше во Барселона!

Фото: tv21m

Раководството на ГРК Охрид продолжува за ангажирање нови играчи со цел создавање конкурентен тим за највисок пласман следната сезона.

Најново засилување за охриѓани за сезоната 2025/26 ќе биде најдобриот дефанзивец во Асобал лигата за 2024/2025, Ориол Реј Моралес.

Шпанецот се обврза на миниум двегодишен договор.

– Специјалистот за одбрана доаѓа по одличната сезона во Гранолерс (Шпанија) во Европската Лига и во домашниот шампионат. Реј кој има 31 година (190цм) освен во тимот на Гранолерс, 6 сезони беше дел од моќната Барселона и настапи во Лигата на Шампионите и 2 сезони во француското првенство и настапи во ЕХФ Европската Лига со тимот на Пау Аикс. Има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Шпанија и освоена бронза на европското првенство У21 во 2014/15. Има настапи и за моќната Шпанија на пријателски натпревари и турнир во Катар и секогаш на поширокиот состав за сениорскиот тим, објави ГРК Охрид.

Вчера за Охрид потпиша српскиот интернационалец Стефан Петриќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.