SportM
Фудбал

Гвардиола најде замена за Де Брујн, Сити сака играч вреден 140 милиони евра

E R18 фев 2025
Гвардиола најде замена за Де Брујн, Сити сака играч вреден 140 милиони евра

Фото: tv21m

Манчестер Сити направи сериозен потег за фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, пренесува Sky Sports.

Имено, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола е заинтересиран да го доведе 21-годишниот германски интернационалец, сметајќи го за соодветна замена за Кевин де Брујн. Виртц оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и 12 асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува неговата пазарна вредност на 140 милиони евра.

Британците пишуваат дека е јасно дека Сити има потреба од ремонт, па зимава веќе ги доведоа Витор Реис, Абдукодир Кусанов и Омар Мармуш. Виртц моментално е означен како прва мета на Сити што ќе состави тим со кој повторно ќе ја нападне титулата во англискиот шампионат. За потсетување, Сити моментално е на четвртото место во Премиер лигата, со 16 бода помалку од лидерот Ливерпул.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.