Connect with us

Фудбал

Гвардиола очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се носам со ситуацијата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја презеде одговорноста за поразот од Реал Мадрид (2:3) во првиот натпревар од плеј-офот за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Шпанецот призна дека Сити направил многу грешки, но и дека се уште верува во пласман во следната фаза од натпреварувањето.

„Тоа се случило многу пати. И ако нешто често се случува, тоа значи дека не наоѓаме решение. Ова беше првата година кога Реал беше подобар. Тие беа подобри со топката, бевме малку нервозни. Тоа се работи што често се случуваа во текот на годината. Ќе се обидеме да ја свртиме ситуацијата, ментално е тешко. Имаме тешки натпревари и патувањето во Мадрид. Тоа е вистина, тие трчаат, но ние не сме стабилни вака, со четворица напред, знаеме против кого игравме, вели Гвардиола и  особено го спомена голот кој ја промени играта постигнат во 92. минута.

„Тешко е да се справиме со тоа, но вистината е дека тоа ни се случува многу. Кога водите со 2-1, не знаете дали да напаѓате или да се браните. Тоа е нормално. Играчите носеа одлуки во моментот и понекогаш работеа, понекогаш не. Ќе се обидеме да се подобриме во следните натпревари. Реал играше многу добро, тие ги имаа своите шанси, но ние можевме да победиме многу години , но во моментов не можам да се справам со ситуацијата“, рече тој. Тој ги коментираше и провокациите на навивачите на Сити кон Винисиус, велејќи дека тоа можеби го мотивирало Бразилецот за кого смета дека е неверојатен играч.