Фудбал
Хаос во центарот на Белград: Навивачите на Црвена звезда ги нападнаа навивачите на ПСВ (ВИДЕО)
Вечерта пред почетокот на натпреварот помеѓу Црвена звезда Белград и ПСВ Ајндховен дошло до навивачки судир во центарот на Белград, а видеата од општиот хаос ги преплавија социјалните мрежи.
Zna li neko o čemu se radi?! pic.twitter.com/p2yN7aW3Cq
— Bora (@BoraKonj) January 20, 2025
Двата тима се среќаваат вечерва во седмото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а гостите имаат значително поголеми шанси за пласман понатаму. Со само три бода Црвена звезда нема на што да се надева до крајот на натпреварувањето, додека за ПСВ ова е дуел „да се биде или не“. Увертирата на дуелот не беше она на што сите се надеваа. За жал, ноќта пред натпреварот настана вистински навивачки хаос во центарот на Белград. Според српските медиуми, навивачите на Црвена звезда наводно ги нападнале гостинските навивачи кои допатувале од Холандија да го бодрат ПСВ.
PSV is gisterenavond/-nacht in Servië aangevallen door de harde kern van Rode Ster (Delije). Zoals vaker in zulke landen was de politie spoorloos op het moment van de aanval (op een enkele auto na), waardoor de Serviërs vrij de aanval konden inzetten. pic.twitter.com/FNKfKgprcT
— Voetbal Ultras (@VoetbalUltras) January 21, 2025
Она што може да се види на снимката е дека поголема група навивачи со факели и палки се упатила кон друга група, а набрзо интервенирала и полицијата, но безуспешно. Летаа факели, шишиња и други тврди предмети. Се уште нема информации за повредени или приведени навивачи.