Тајмаут
И ова го видовме-Судија на натпревар од Бундеслигата го запроси своето момче пред 50.000 гледачи (ФОТО)
На натпреварот на Келн во Бундеслигата, навивачите беа сведоци на несекојдневна сцена, откако еден судија реши да го запроси својот партнер.
Паскал Кајзер, судија кој претходно јавно се изјасни како бисексуалец, го запроси својот партнер Мориц на стадионот „РајнЕнерги“ во Келн.
Тој тоа го направи пред 50.000 гледачи, кои гестот го поздравија со громогласен аплауз, а претходно Кајзер одржа долг и емотивен говор.
„Сакам сите да видат дека ја сакам оваа личност. Како човек. Како човек. Во фудбалот“, изјави Кајзер.
Снимката беше споделена и на официјалниот Инстаграм профил на Келн.
„Паскал Кајзер е судија и голем навивач на ФК Келн. Пред три години јавно објави дека е бисексуалец, а денес имаше посебен план кој ФК Келн го поддржа. Паскал го запроси својот партнер на стадионот ‘РајнЕнерги’, но уверете се и сами!“, стои во објавата на Келн.
Овој пар неодамна ја прослави и својата втора годишнина од врската, а Мориц одговори со „да“ на неговата просидба за време на натпреварот.
View this post on Instagram