Фудбал
Ибрахимовиќ потпиша со Лацио
19-годишниот Арион Ибрахимовиќ го напушти Баерн Минхен и сега е дел од Лацио. Тој до крајот на сезоната ќе игра во клубот од италијанската престолнина со откупна опција вредна 8 милиони евра.
Ибрахимовиќ е Германец и нема никаква врска со Златан Ибрахимовиќ.
“Арјон е млад играч со големи перспективи кој постојано се развива. Арјон е во Баерн уште од мал. Сакаме да промовираме играчи како него. Тој дава се од себе на секој тренинг и сега му треба време за игра на највисоко ниво. Ние внимателно ќе го следиме бидејќи го има она што е потребно“, рече спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Напаѓачот со германско потекло е дел од Баерн од 2018 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Фросиноне од Серија А.
Ибрахимовиќ во тековната сезона одигра само 16 минути за тимот на Винсент Компани.