Connect with us

Фудбал

Играчот на Тотенхем со македонски корени почнал преговори со Наполи!

Наполи започна преговори за потпис на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, тврди „АреаНаполи“. Задачата ја презеде спортскиот директор на „наполитанците“, Џовани Мана, кој веќе стапи во преговори со шефовите на лондончани и се обидува да постигне договор.

Засега, пак, преговорите се во прилично рана фаза и нема посебен развој на темата. Исто така, не е јасно дали Тотенхем би бил подготвен да се раздели со Швеѓанецот со македонски корени, кој е еден од клучните играчи во тимот, ниту која цена би му ја поставиле.

Кулушевски има искуство во Серија „А“, бидејќи во Тотенхем беше донесен од Јувентус за 30 милиони евра во 2023. Досега 24-годишниот играч има 138 настапи, 25 гола и 29 асистенции за Спарс.

Во секој случај, Наполи сака да привлече квалитетно крило, а притоа гледа и други опции. Меѓу нив е и Аргентинецот Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед. Оваа сезона 20-годишниот талент не е на вообичаеното ниво и од „Олд Трафорд“ не исклучуваат разделба за понуда од 45 милиони евра.