SportM
Ракомет

Играјте со срце, па што биде нека биде-Македонија вечерва против Холандија!

Редакција17 јан 2025
Играјте со срце, па што биде нека биде-Македонија вечерва против Холандија!

Фото: tv21m

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство.

Нашите репрезентативци во првиот натпревар од ракометниот мундијал одиграа нерешено против Унгарија (27-27).

Единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните беше пред две години на Светското во Полска каде загубивме убедливо со 34-24 во Краков.

Во Вараждин повторно се очекува голема поддршка од македонските навивачи, со чија помош јавноста очекува уште еден позитивен исход со фаворитот во групата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.