Connect with us

Фудбал

Играше за Реал Мадрид, Милан, а сега е во затвор со озогласени убијци, тешко му падна Новата година без сопругата (ВИДЕО)

По долги години драма и одбивањето на Бразилците да го екстрадираат во Италија, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Милан, Робињо, почна да отслужува деветгодишна затворска казна.

Робињо беше осуден во Италија во 2022 година за групно силување во Милано што се случи во ноќен клуб во 2013 година. Бразилскиот фудбалер побегнал во родниот Бразил, каде што долго време го криеле и одбивале да го екстрадираат во Италија бидејќи овие две земји немаат договор за екстрадиција. Но неодамна Бразилците направија преседан и му ја потврдија затворската казна на поранешниот бразилски репрезентативец и тој беше сместен во затворот Др. Хозе Аугусто Цезар Салгадо P2 (Казнениот дом Тремембе II) во Сао Паоло.

Станува збор за озлогласен бразилски затвор во кој се сместени бројни убијци, но и затвор кој го нарекуваат „затвор на познатите“. Во соби со различна големина има 430 затвореници, а една соба може да собере до шест лица. Заедно со Робињо, во затвор има и бројни познати личности како политичарот Луиз Естева, аналитичарот Антонио Маркос Пименто, но и некои од најозлогласените убијци како Александре Нардони, Кристијан Кравињос и Роџер Абделмасих.

Како што пренесуваат бразилските медиуми, во последните денови Робињо бил особено депресивен бидејќи не ја дочекал Новата година со сопругата. Бразилецот побарал посебна дозвола да ги помине празниците со сопругата, но управата на затворот го одбила неговото барање.

Робињо сепак сака да ја „докаже својата невиност“, па во интервју за ТВ Рекорд изјави дека има доволно докази и по судењето. Бразилецот призна дека ноќта ја поминал со млада Албанка во ноќен клуб во Милано, но тврди дека има докази дека нивната врска била доброволна.