Други спортови
Илиоски, Ивановски, Димитриевски-Кој ќе биде македонскиот спортист на годината?!
Сојузот на спортови и Министерството за спорт на Македонија ги објавија номинациите за најдобрите спортисти за 2024 година.
Традиционално, на крајот на секоја календарска година ќе бидат прогласени најуспешните по категории.
Во категоријата за најдобар спортист номинирани се: шахистот Тони Лазов, кикбоксерот Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски.
Во категоријата за најдобра спортистка се номинирани таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова.
Ќе се изберат најдобри и во конкуренција на најдобар млад спортист, најдобра млада спортистка, најуспешни национални тимови (машка и женска конкуренција), најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер/селектор и најуспешна спортска федерација.