SportM
Фудбал

Има ли сили Барселона вечерва да направи нешто големо?!

Редакција14 апр 2026
Има ли сили Барселона вечерва да направи нешто големо?!

Вечерва се играат реванш мечевите од четвртфиналето од Лигата на шампионите. Секако делот кој привлекува поголемо внимание е реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона,  дуел на клубови на чии мечеви секогаш има тензии и многу возбувања.  Првиот натпревар го доби Атлетико Мадрид и тоа како гостин, па се разбира се даваат поголеми шанси на тимот од Мадрид за пласман во полуфиналето. Но, од таборот на Барселона велат дека ништо не е готово и со сите сили ќе се обидат, иако на гостински терен, да ја анулираат негативата од два гола и да се пласираат во понатамошната фаза. Дали ќе успеат во такво нешто, тешко е да се верува, иако не е невозможно.

На вториот меч се среќаваат Ливерпул и ПСЖ. Францускиот првак отпатува во Англија со два голови предност (0:2) од првиот меч, а иако Ливерпул не е на своето ниво, сепак со англиските тимови никогаш не можете да бидете сигурни дека е готово додека судијата не означи крај.

ЛШ, четвртфинале реванш

ВТОРНИК 21:00Ч.

АТЛЕТИКО МАДРИД – БАРСЕЛОНА (2:0)

ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ (0:2)

СРЕДА 21:00Ч

АРСЕНАЛ – СПОРТИНГ Л. (1:0)

БАЕРН МИНХЕН – РЕАЛ МАДРИД (2:1)

*Во заградите се резултатите од првите мечеви

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.