Connect with us

Фудбал

Имало трето полувреме, фудбалери на Гостивар завршиле во полициска станица, никој не можел да ги види!

„Трето полувреме“ имало на натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Гостивар. По завршувањето на мечот имало инцидент помеѓу фудбалерите на двата тима. Фудбалскиот клуб Гостивар  соопшти дека тројца нивни фудбалери и еден член на техничкиот персонал се приведени во струшката полиција.

„Тројца наши играчи и еден член на персоналот веќе 5 часа се приведени во струшката полициска станица. Не смеат да се сретнат со сопругите или соиграчите. Раководството на тимот и нашиот спортски директор со часови чекаат на пред полициската станица и се обидуваат да добијат каква било информација за играчите“, соопштија од клубот.

Од МВР велат дека тие се приведени поради тоа што се осомничени за физички напад на полициски службеници.

– Вчера во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода се Е.Д.( 28) од Тетово, Ш.Т.(25) од Турција, со привремен престој во Скопје,  А.Д.(25) од Сенегал, со привремен престој во Гостивар и германскиот државјанин А.А.(31). Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан на 19 април во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.