Connect with us

Фудбал

Интер или Барселона? Вечерва ќе го дознаеме првиот финалист во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а средбата на европските гиганти привлекува големо внимание.

„Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен и поволен резултат од првиот дуел кога беше 3:3, но мала предност ѝ се дава на Барселона, која игра феноменален фудбал оваа сезона под водство на Ханси Флик. Тие веќе го освоија Купот на Шпанија и Суперкупот, додека во Примера се во водство, четири бода пред нивниот најголем ривал Реал Мадрид.

Од друга страна, Интер беше во игра за сите три трофеи до пред десет дена, но беа поразени во полуфиналето на Купот од Милан со резултат од 3:0, а потоа претрпеа пораз од Рома во првенството со резултат од 1:0, а нивната голема предност пред Наполи се стопи. Интер сега е втор на табелата, три бода зад лидерот Наполи, а остануваат само три натпревари. Сепак, навивачите на миланскиот клуб би простиле сè ако нивните фаворити вечерва ја победат Барселона и се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, по втор пат во последните три години.