Connect with us

Фудбал

Интер подготвил бонуси за освојување на „Триплета“

Интер е единствениот италијански клуб кој се уште игра на три фронта. Лидери се на табелата во Серија А пред второпласираниот Наполи, тие се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија и се во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

За дополнително мотивирање на тренерот и играчите, челниците на Нероаѕурите ветија бонуси. „Газета дело спорт“ пишува дека договорот на тренерот Симоне Инзаги вклучува бонус од еден милион евра доколку Интер ја освои титулата на Италија за сезоната 2024/2025.

Тој претходно ја доби наградата Panchina d’Oro за сезоната 2023/2024 како признание за освоеното Скудето. Минатото лето Инзаги потпиша договор до 2026 година вреден 6,5 милиони евра, а моментално се водат преговори за продолжување на соработката до 2028.

Претседателот на Интер Бепе Марота неодамна изјави дека договорот за продолжување на договорот на Инзаги е „само формалност“. Сепак, Инзаги нема да биде единствениот кој ќе добие бонус доколку Интер освои трофеи оваа сезона. Тимот ќе подели 6 милиони евра доколку ја освои Тројната круна.