Connect with us

Фудбал

Инзаги: Ова е болно, но мора да се излечиме што побрзо!

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на поразот од Милан (2:3) синоќа во финалето на италијанскиот Суперкуп.

– Пред сè, мора да му честитаме на Милан бидејќи не се откажаа и покрај тоа што губеа со два гола разлика. Кога резултатот стана 2:1, лесно ја губевме топката, иако требаше да ја контролираме ситуацијата, потоа имавме неколку шанси да го вратиме водството со два разлика, но нивниот голман имаше одлични одбрани. Тоа е болен пораз, но имаше болни порази низ годините и тимот секогаш се креваше. Одиме дома да ги излечиме нашите рани, имаме неколку нови повреди, но имаме шест натпревари за 18 дена, така што треба веднаш да се вратиме на вистинскиот пат, изјави Инзаги за „Sport Mediaset“.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да направи пресврт и да го освои Суперкупот на Италија по осми пат.