SportM
Други

Италија во шок: Убиен возач на клупскиот автобус по натпреварот, навивачите го гаѓале со тули

Редакција20 окт 2025
Италија во шок: Убиен возач на клупскиот автобус по натпреварот, навивачите го гаѓале со тули

Фото: tv21m

Голема трагедија ја погоди Италија по кошаркарскиот натпревар помеѓу Себастијани Риети и Пистоја, при што беше убиен возачот на клупскиот автобус на гостинскиот тим.

Возачот загина откако автобусот на тимот од Риети стана мета на домашните навивачи. Хулигани од Риети го нападнале автобусот со камења и тули на автопатот по завршувањето на натпреварот.

Несреќниот возач починал доцна синоќа. Како што јавува италијанската новинска агенција АНСА, возачот бил погоден со тула директно го погодила во главата.

Нападот се случил на автопатот Риети-Терни, приближно 80 километри североисточно од Рим, откако навивачи на Себастијани фрлале камења кон автобусот додека го напуштал Риети по натпреварот од А2 лигата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.