Ивановски на 58-мо место на маратонот во Токио
Редакција15 сеп 2025

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го освои 58. место на Светско првенство во атлетика кое се одржува во Токио.
Ивановски патеката ја помина со време два часа, 26 минути и 31 секунда.
На Мундијалскиот маратон учествуваа 90 маратонци од кои 66 поминаа низ целта.
Златниот медал го освои Алфонс Феликс Симбу од Танзанија (2:09.48 часа), среброто е за Аманал Петрос од Германија (2:09.48), додека бронзениот медал му припадна на Илиас Ауани од Италија (2:09:53).
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



