SportM
Ракомет

Јанковски од Полска, потпиша за Вардар!

Редакција3 апр 2025
Јанковски од Полска, потпиша за Вардар!

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јaнковски. Дваесет и тригодишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб.

– Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.
Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2019/2020, а има настап и во квалификациите за Лига Европа во 2022/2023, објави РК Вардар.

Неколку години Јанковски е дел од сениорската репрезентација на Полска, се наоѓа на поширокиот список, а минатиот месец настапи и на дуелот со Полска во квалификациите за ЕП 2026. Претходно беше на располагање на полскиот селектор и за квалификациите од ЕП 2025 и СП 2025.

Сезонава Јанковски има постигнато 63 гола, 15 асистенции и процент на реализација од 76 отсто на упатените удари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.