Фудбал
Карло Анчелоти вечерва би можел да добие отказ?!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вечерва би можел да добие отказ доколку неговиот тим не оствари позитивен резултат во дербито од 32. коло во Примера против Атлетик Билбао, пренесува шпанскиот портал Relevo. Според Relevo, тренерската позиција на Анчелоти е во опасност да се разниша уште по елиминацијата од четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал, а евентуален кикс вечерва би значел и крај на неговата соработка со Кралскиот клуб.
Реал вечерва од 21 часот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува Атлетик Билбао и мора да слави за да остане во трката за титулата шпански првак. Со натпревар помалку, Реал заостанува седум бода зад лидерот Барселона, па јасно е дека вечерашниот кикс практично би значел дека титулата ќе му припадне на каталонскиот клуб.
Доколку Реал Мадрид вечерва киксне, Анчелоти би добил отказ и клубот би назначил привремен тренер до крајот на сезоната, по што Флорентино Перез би се обидел да го доведе Чаби Алонсо.