Connect with us

Фудбал

Катастрофа на Јувентус (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус доживеа елиминација во четвртфиналето во Купот на Италија и тоа од Емполи по изведувањето на пеналите. Регуларниот дел заврши 1:1. Малех во 24-та им донесе предност на гостите од 0:1, а потоа Турам измани на 1:1. На крајот мораше да се изведуваат пенали, а таму Влаховиќ и Јилдиз промашија за Јуве, кај Емполи сите погодија, па следуваше елиминација на „Старата Дама“. Во полуфиналето ќе играат Болоња-Емполи и Интер-Милан.