Connect with us

Фудбал

Катастрофална вест за Арсенал: Најдобриот стрелец на „топчиите“ мора да оди на операција

Арсенал денеска доби катастрофална вест со детална проценка на повредата на Каи Хаверц, бидејќи беше потврдено дека сезоната на германскиот напаѓач е завршена!


Хаверц се повреди за време на зимскиот камп на „топчиите“ во Дубаи, му беше оштетена задната ложа, а сега се потврдија најлошите можни вести за Арсенал.

Лондонскиот тим на тој начин ќе остане без својот прв напаѓач до крајот на сезоната, во која повторно се бори за титулата, а дури сега на виделина излезе катастрофалната одлука на управата на клубот да не доведе нов напаѓач во јануари.

Оваа сезона Хаверц постигна девет гола и забележа три асистенции на 21 натпревар во Премиер лигата, а додаде четири гола и две асистенции во осум натпревари од Лигата на шампионите.