Connect with us

Фудбал

Ќе биде интересно, кој дрес подобро му стои?!

Пред неколку дена дел од италијанските, но и англиските медиуми објавија дека Пол Вокер побарал да замине од Манчестер Сити. За ова разговарал со Пеп Гвардиола, кој се согласил. Веднаш потоа медиумите објавија вест дека е на чекор до Милан, односно дека во јануарскиот преоден рок ќе ги засили „Росонерите“. Наводно веќе се договорил за личните услови, а требало да потпипе 2,5 годишен договор.

Сепак, најновите вести од Италија велат дека Интер силно се вклучил во трката за потписот на десниот бек. Наводно челниците на Интер имале разговор со застапниците на фудбалерот, каде разговарале за негова преселба во Милано, но во „сино-црниот“ табор. Следната дестинација на Вокер, веројатно ќе се знае во следните неколку денови.