SportM
Други

Ќе пукне ли „бомба“, Ван Дајк по елиминацијата во разговор со челните луѓе во ПСЖ (ВИДЕО)

Редакција12 мар 2025
Ќе пукне ли „бомба“, Ван Дајк по елиминацијата во разговор со челните луѓе во ПСЖ (ВИДЕО)

Ливерпул доживеа елиминација во Лигата на шампионите и покрај тоа што на првиот меч на гости славеше со 1:0 против ПСЖ во Париз. Синоќа на „Енфилд“ загуби со истиот резултат, па на пенали беше елиминиран.

Веднаш по мечот капитенот на „Црвените“ Ван Дајк беше снимен како разговара со претседателот на ПСЖ Ал Келаифи и спортскиот директор Кампос.

Неговиот договор со Ливерпул истекува ова лето, а веднаш почнаа шпекулациите дека тој ќе се пресели во ПСЖ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.