SportM
Ракомет

Кога ги имаш најдобрите навивачи во светот (ВИДЕО)

Редакција17 јан 2025
Кога ги имаш најдобрите навивачи во светот (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Македонската ракометна репрезентација на првиот меч на СП во Вараждин одигра 27:27 против фаворизираната Унгарија. Вечерва во 18 часот го игра вториот меч од ракометниот мундијал, а противник е исто така уште еден фаворит Холандија. Многу нешта за пласман во следната рунда секако зависат од овој исход. Сепак, самите ракометари велат дека се подготвени и дека со поддршката од трибините ќе биде ветер во грб за нив. Македонија има свои фанови, кои во поголем број се во Вараждин да дадат поддршка на нашите ракометари. Самите велат дека кога ги имаш најдобрите навивачи на светот, се е полесно. Се надеваме дека и денеска ќе биде обезбеден позитивен резултат, па потоа со победа над Гвинеја да се обезбеди пласман во следната рунда, што секако е примарната цел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.