Кој не гледал, пропуштил еден од најдобрите мечеви во историјата на ЛШ, еве ги најважните моменти (ВИДЕО)
Редакција7 мај 2025

Интер се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4-3 по продолженија во синоќешниот спектакуларен реванш од полуфиналето на домашен терен.
Интер така се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:6, каде што ќе се соочи со подобриот од ПСЖ и Арсенал, кои вечерва ќе го играат реваншот во Париз откако францускиот тим го доби првиот натпревар во Лондон со 1:0. Иако многумина мислеа по првиот натпревар помеѓу Барселона и Интер (3:3), кој исто така беше одличен, дека на реваншот ќе биде тешко да се надмине, токму тоа се случи. Во Милано гледавме натпревар за кој многумина тврдат дека е еден од најдобрите, ако не и најдобриот, во историјата на Лигата на шампионите. А, ова се најважните моменти.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



