Connect with us

Фудбал

Консеисао: Добра сезона за Милан би била освојувањето на Серија „А“

Тренерот на Милан, Серхио Консеиао смета дека дербито со Интер е најважниот натпревар на тимот. Во среда вечер, двата гиганти од Милано ќе се соочат во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши 1:1.

Консеисао сепак смета дека ова не е натпревар кој ќе ја спаси сезоната на тимот.

-Нормално е Милан да стигне до финалето на купот. Но, натпреварот со Интер е најважен во моментов – натпревар во кој не е важно кој се смета за фаворит. Во вакви натпревари, тоа што си фаворит не менува многу. Кога судијата ќе го даде стартниот знак, натпреварот се претвора во тоа што сме го подготвиле и мотивацијата што ја имаме, изјави тој.

Нагласи дека ова е единственото натпреварување каде Милан може да слави успех оваа сезона.

-Тоа е многу важен натпревар за сите. Позитивна сезона за Милан би била да ја освои Серија „А“ или да се обиде да стигне до крајот во Лигата на шампионите. Големите клубови се обидуваат да стигнат до крајот во натпреварувањата, а ние го имаме тоа, посочи Португалецот.

За речиси четири месеци на кормилото на Милан, Консеисао веќе го освои Суперкупот, но тимот е на 9. место во Серија „А“ откако во последното коло загуби од Аталанта (0:1). Сепак, тренерот се надева дека во среда ќе ја види најдобрата верзија на своите играчи.

-Во среда Милан ќе биде многу конкурентен. Имаме многу амбиции и мотивација да победиме на овој натпревар. Кајл Вокер тренира со тимот, иако не е 100 отсто. Но и тој, и Рубен Лофтус-Чик ќе бидат на располагање. Ова е позитивна вест за нас. На крајот од сезоната ќе зборувам за тоа какви беа шестте месеци на чело, што направив добро, а што не толку добро, заклучи Консеиао.