Connect with us

Фудбал

Крос во одбрана на Рудигер: Па, не убил никого!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, кој ризикува тешка казна во Шпанија откако фрли предмет кон судијата во финалето на Купот против Барселона, доби поддршка од својот сонародник и поранешен соиграч Тони Крос, објавија германските медиуми.

-Тој ќе биде казнет и тоа ќе биде заслужено. Но, не треба да се однесуваме како да убил некого. Секогаш мора да бидете внимателни и да не се предавате на емоциите. Тоа беше голема грешка. И тој го сфаќа тоа и се покаја, рече Крос за време на настан на неговата лига, кој се одржа во Дизелдорф.

Моментално во Германија се води дебата за тоа дали треба да има последици за Рудигер во националниот тим на земјата, но Крос е против таа идеја.

Рудигер беше жестоко критикуван од други поранешни репрезентативци, како што се Лотар Матеус и Дитмар Хаман. Спортскиот директор на Германија, Руди Фелер, рече дека неговото однесување е „неприфатливо“.

-Има многу луѓе кои се јавија и бараат тој да биде исклучен од репрезентацијата. Некои од нив, конкретно, требаше да бидат казнети во времето кога играа, категорично рече Крос.