Фудбал
Лапорта: Ла Лига и Федерацијата се обидоа да ја дестабилизираат Барселона
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ја нападна Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација поради неодамнешните засилувања на Дани Олмо и Пау Виктор.
Барселона во изминатите денови успеа да ги регистрира Олмо и Виктор по одлука на Врховниот спортски совет, а потоа го освои трофејот во Суперкупот.
„Никогаш нема да поднесам оставка поради одлуките на Ла Лига и Федерацијата“, рече Лапорта
„Не се откажуваме, се обидоа да го дестабилизираат клубот, играчите и тренерот. Одговоривме, го освоивме Суперкупот и навистина го ценам тоа“, додаде тој.
„Конечно се вративме на правилото 1:1, сега можеме да купуваме играчи според нормалниот процес. Можеме да си дозволиме регистрација на играчи како Дани Олмо и Пау Виктор и наскоро ќе го имаме нашиот нов стадион“, додаде Жоан Лапорта.