SportM
Ракомет

Лазаров: Горд сум на моите ракометари

Редакција22 јан 2025
Лазаров: Горд сум на моите ракометари

Фото: tv21m

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа  своите импресии по нерешените 29:29 со Австрија.

– Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во репрезентацијата владее добра атмосфера. Ќе се обидеме против Катар да одиграме на ниво и покрај проблемите со повредени и болни во нашиот состав.

Македонија против Катар игра во четврток со почеток во 15:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.