SportM
Ракомет

Лазаров за денешниот дуел со Катар: Уште еднаш да бидеме на високо ниво!

Редакција23 јан 2025
Лазаров за денешниот дуел со Катар: Уште еднаш да бидеме на високо ниво!

Фото: tv21m

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за  натпреварот со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025.

– Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, изјави Лазаров.

Натпреварот Македонија – Катар се игра со почеток во 15:30 часот.

Македонија во пресрет на 2. коло во Група-2 има два бода, Катар е без бодови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.