Connect with us

Фудбал

Легенрадниот Канаваро: Ќе го “убиев” Стефан Ристовски! (ВИДЕО)

Динамо Загреб славеше со 3:0 во дуелот со Шибеник со што останува во трката за титулата.  Имаше Шибеник свои шанси, особено во првиот дел, а веројатно тренерот на Динамо Загреб, легендарниот Фабио Канаваро не беше задоволен од прикажаното, па одлуи во 59-тата минута да го извади од игра нашиот Стефан Ристовски. Секако тоа не му се допадна на македонскиот интернационалец, па тамошните медиуми пренесоа дека Ристовски не му подал рака на Канаваро кога ја напуштал играта.

Сепак, по мечот медиумите го прашаа и Канаваро за ситуацијата, кој одговори шеговито:

-Не, не, ми подаде рака, да не ми подадеше ќе го убиев, на смеа изјави Канаваро, кој додаде: Сепак, тој го скрши шишето во нервоза и ќе мора да го плати. Ристовски е голем професионалец и имаме добар однос. Сакам играчите да се незадоволни кога ќе ги заменам, изјави Канаваро.