Фудбал
Лионел Меси го понижи американскиот претседател Џо Бајден и ги налути американците!
Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, не се појавил на церемонијата на доделувањето на Медалот на слободата, што требаше да го добие од претседателот во заминување на САД Џо Бајден. Лионел Меси беше одликуван во Соединетите Американски Држави, бидејќи направи голема работа за да го популаризира фудбалот во таа земја, претседателот Џо Бајден одлучи да му го додели Медалот на слободата.
Сепак, Бајден доживеал студен туш, бидејќи од неговиот тим беше објавено дека на популарниот Меси му е оддадена чест, но дека тој не може да присуствува на церемонијата поради претходно закажаните обврски. Очекувано, тоа доста ги налути Американците, кои сметаат дека Меси не заслужува да му биде доделено највисокото цивилно признание во САД.
Yes. It was ridiculous and strange to award it to Messi. But if you’re going to accept the honor, then find a way to be in DC. https://t.co/tJRxUDoTOy
— Alexi Lalas (@AlexiLalas) January 5, 2025
„Беше смешно и чудно да му се даде на Меси. Но, ако ти го дадат тој медал, тогаш најди начин да бидеш во Вашингтон“, изјави поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас на социјалната мрежа „Икс“. Кошаркарот Меџик Џонсон и актерот Дензел Вашингтон присуствуваа на доделувањето на Медалот на слободата. Покрај нив, медал добија актерот Мајкл Џеј Фокс, пејачот Боно, уредничката на Вог Ана Винтур, Ралф Лорен…