SportM
Фудбал

Ливерпул падна, крај на серијата од 25 меча без пораз (ВИДЕО)

E R6 апр 2025
Ливерпул падна, крај на серијата од 25 меча без пораз (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Фудбалерите на Ливерпул доживеаја неочекуван пораз во 31. коло од англиската Премиер лига против Фулам со резултат 3:2.

Ливерпул поведе во 14. минута со прекрасниот гол од далечина на Мек Алистер, но до полувремето „црвените“ губеа со 3:1. Сесењон погоди за 1:1 во 23. минута, Ивоби го доведе Фулам во водство од 2:1 во 32. минута, а Муниз во 37. минута зголеми на 3:1.

Ливерпул постигна втор гол до крајот кога Дијаз погоди во 72. минута, но до крајот немаше голови и натпреварот заврши со резултат 3:2 за Фулам. Ова беше крај на серијата на Ливерпул од 25 меча без пораз во Премиер лигата.

Иако Ливерпул денеска остана без бодови, сепак има голема предност пред второпласираниот Арсенал која изнесува 11 бодови. Денеска се одиграа уште два натпревари во кои Тотенхем со 3:1 го совлада Саутемптон, а „светците“ и математички испаднаа од лигата, додека Брентфорд и Челзи ремизираа 0:0.

Standings provided by Sofascore
Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.