Connect with us

Кошарка

Луѓе, не знам ни со кого играм: Цел свет го чека Јокиќ, а еве колку му е гајле! (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно ќе игра на Ол-стар натпреварот и доби најмногу гласови од сите играчи на Западната конференција, што не е изненадување со оглед на тоа како играше во текот на сезоната. Милиони фанови со нетрпение го очекуваат настапот на најголемите суперѕвезди на НБА овој викенд во Сан Франциско, но се чини дека нивниот ентузијазам повторно не го дели Јокиќ.

Се разбира, тој го разбира и го почитува секој глас што му го дале неговите фанови, но далеку повеќе го интересира „вистинската кошарка“ наместо ревијален натпревар кој практично е натпревар за популарност и ништо друго, па до неодамна тој не ни знаеше за новите правила за Ол-стар натпреварот.

Кога новинарите го прашаа Никола Јокиќ за Ол-стар натпреварот, тие веќе знаеја однапред дека тој не е премногу заинтересиран:

-Не сум сигурен дека сум вистинскиот човек за тој натпревар, мило ми е за навивачите, благодарен сум им. Одам таму да се забавувам, да го претставувам мојот тим, Денвер, мојот град и мојата земја, на тоа размислувам кога ќе излезам на теренот“, изјави Јокиќ, кој исто така рече дека не го интересира премногу што ќе игра неговиот млад соиграч Џулијан Стротер за тимот на „младите перспективи“.

“Дали го дознав форматот? Знам дека играат четири екипи. Дали јас ќе бидам МВП? Не знам…”, рекол Јокиќ, кој потоа бил изненаден кога му било кажано дека игра во тим со Адетокунбо и Вембајама

-Тоа е одлично, не ни знаев кој е во мојот тим, вели Јокиќ.