Кошарка
Лука Дончиќ дебитираше, цените на билетите скокнаа за три пати (ФОТО)
Словенечката НБА ѕвезда Лука Дончиќ синоќа дебитираше во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, во кој пристигна во неверојатен трејд од Далас Маверикс. Дончиќ играше во победата над Јута Џез од 132:113, а еден натпревар од НБА одамна не привлекол вакво големо внимание. За ова доволно говорат и податоците за цените на билетите за овој натпревар, кои вртоглаво пораснаа во однос на цените на билетите за претходните натпревари на Лејкерс оваа сезона.
😳 Prices on the Lakers – Jazz game increased almost 5 times due to Luka’s debut!
( Via @TickPick ) pic.twitter.com/DVSZghrDOm
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 11, 2025
Имено, претходно најевтиниот билет за натпревар на Лејкерс чинеше 43 долари, а за натпреварот против Јута цената за најлошото место на трибините беше 193 долари! Така, цената за многу места во салата е зголемена за пет пати. ТМЗ пишува дека пред трејдот на Дончиќ, фановите можеле да влезат во Crypto.com арената за просечно 131 долар, додека вечерва просечната цена била околу 358 долари. Gametime, компанија специјализирана за билети за спортски настани, додаде дека некои од најскапите места во арената сега ќе чинат до огромни 7.010 долари.