Connect with us

Фудбал

Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид каков што не потпишал никогаш во кариерата!

Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид се уште е неизвесна, но денеска хрватскиот ветеран доби продолжување на соработката што ретко ја гледаме. Договорот на Лука Модриќ истекува на 30 јуни годинава. За разлика од претходните договори кои ги потпиша со Реал, Модриќ денеска го продолжи договорот на само еден месец.

Реал Мадрид има сериозна причина за ова, а тоа е да може да игра на Светското клупско првенство, ново натпреварување со 32 екипи кое ќе трае поголемиот дел од летото. Светското клупско првенство започнува во јуни и Модриќ не би можел да игра без договор. Така во Мадрид решија да ја продолжат неговата соработка, а иста е ситуацијата и со Лукас Васкез.

Двојката ги продолжи договорите до јули, но се уште нема индикации дали ќе добијат подолги договори. Иднината на Модриќ и Васкез се уште останува нејасна и постои можност по јули да ги завршат успешните епизоди на Сантијаго Бернабеу.

Модриќ оваа сезона покажа дека се уште го има потребниот квалитет за да биде играч на Реал Мадрид, но управата на клубот се уште размислува дали хрватскиот ветеран и некогаш најдобар играч на светот е потребен уште една година. За разлика од Модриќ и Васкез, она што е познато е дека Карло Анчелоти сигурно нема да го води тимот и многу брзо ќе го напушти Мадрид. Не се знае дали ќе биде назначен постојан тренер до почетокот на Светското клупско првенство.