Македонија се пласираше на Европско првенство!
Редакција11 мај 2025

Фото: tv21m
Македонската ракометна репрезентација ќе игра на уште едно ракометно првенство, на почетокот на 2026-та, чии домаќини се Данска, Шведска и Норвешка од 15-ти јануари до 1-ви февруари. Откако пред неколку дена ја прегази Естонија, вечерва во Скопје во фантастична атмосфера ја надигра целосно Литванија славејќи со 26:17. Пред овој меч на избраниците на Кире Лазаров им беше потребна победа од два гола разлика, но на крајот мечот заврши со убедливи девет разлика. На овој меч по пет голови имаа Кузмановски и Серафимов, по три Пешевски и Џонов, а Ивановски, Лазаревски, Јагуриновски по два. Ова за Македонија ќе биде осмо Европско првенство во низа.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



