SportM
Ракомет

Македонија со убедлива победа против Гвинеја, пласман во главната фаза од СП

Редакција19 јан 2025
Македонија со убедлива победа против Гвинеја, пласман во главната фаза од СП

Македонската ракометна  репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство.

 

Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025.

Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно 22. на светските шампионати.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде четири, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по три пати.

 

„Црвено-жолтите“ со три освоени бода ќе бидат втори или трети на табелата.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.