SportM
Други

Македонски одбојкар ќе игра во Кувајт!

Редакција18 сеп 2025
Македонски одбојкар ќе игра во Кувајт!

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на кувајтската екипа Бурган. Тој имаше и официјално претставување во новиот клуб, воедно екипа која ланската сезона ја заврши како вицешампион во својата држава.

Претходната сезона Љафтов беше член на грчки ПАОК, каде беше и под тренерската палка на македонскиот селектор Јошко Миленковски. Репрезентативецот е веќе во тренажен процес и се адаптира на новите соиграчи.

Репрезентативецот досега како интернационалец има настапувано во Бугарија, Србија, Турција, Италија, Хрватска, Кипар, како и Саудиска Арабија и ОАЕ, а негов матичен клуб е Струмица.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.