SportM
Фудбал

Македонски репрезентативец потпиша за белгиски тим!

Редакција5 фев 2025
Македонски репрезентативец потпиша за белгиски тим!

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу има нов клуб. Тој потпиша договор со белгиски Сент Труден кој се бори за опстанок и кој ја има втората најлоша одбрана во лигата според примени голови. Веројатно нашиот Муслиу треба да помогне да се поправи овој дел од тимот. Досега Муслиу настапуваше за германски Падерборн со кој му заврши договорот. Претходно во кариерата играше за Инголштат, Вардар, Ренова и Шкендија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.