Фудбал
Македонските надежи го дознаа патот до ЕП, прво гости на Полска, па потоа со Италија дома!
Младата репрезентација на Македонија до 21 година на извлекување во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.
Во првото коло од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ на гостински терен ќе се соочат со селекцијата на Полска. Првиот домашен натпревар го играме против топ фаворитот во групата, селекцијата на Италија.
Во продолжение, комплетниот распоред на натпревари на Македонија до 21 година во групата Е од квалификациите за ЕП 2027:
1. коло: Полска – Македонија 5.септември
2. коло: Македонија – Италија 9.септември
3. коло: Македонија – Ерменија 10. октомври
4. коло: Црна Гора – Македонија 14. октомври
5. коло: Македонија – Шведска 13.ноември
6. коло: Македонија – Полска 18. ноември
7. коло: Италија – Македонија 26.март 2026
8. коло: Ерменија – Македонија 31. март 2026
9. коло: Македонија – Црна Гора 1.октомври 2026
10. коло: Шведска – Македонија 5.октомври 2026