Фудбал
Манчестер Јунајтед купува двајца одлични напаѓачи!

По катастрофалната сезона во која дури и опстанокот во Премиер лигата во еден момент беше доведен во прашање, Манчестер Јунајтед сака да го реновира офанзивниот дел од тимот со две големи засилувања. Манчестер Јунајтед се подготвува за многу активно лето, можеби клучно за непосредната иднина на клубот. Тоа ќе биде прв преоден рок за Рубен Аморим со кој сака да гради иднина на тренерската позиција.
Аморим и Манчестер Јунајтед ќе се ослободат од најмалку десетина играчи, кои целосно разочараа оваа сезона, а ќе си заминат и некои фудбалери кои се на позајмица. Во исто време се работи и на офанзивните засилувања и офанзивната линија на тимот следната сезона би требало да изгледа сосема поинаку со новото дуо. Како што објави угледниот новинар на ESPN, Роб Досон, Манчестер Јунајтед сака во текот на летото да ги доведе Виктор Осимен и Лиам Делап, двајцата централни напаѓачи и дека ги сака во тандем. Осимен со години е голема желба на Јунајтед како еден од најдобрите напаѓачи во Европа, а по одличната позајмица сезонава во Галатасарај, сигурно е дека ќе го напушти Наполи како слободен играч. Манчестер Јунајтед има пари да го привлече со висока плата. Друго име кое се издвојува е младиот напаѓач на Ипсвич, Лиам Делап. Тој е поранешен младински играч на ривалот Манчестер Сити, кој се истакнува во Ипсвич, за кого оваа сезона постигна 12 гола. Делап ја започна својата кариера во Сити, но оттаму беше продаден на Ипсвич. Младиот напаѓач (21) блескаше во првата сезона во својот нов клуб и има интересна клаузула – откако Ипсвич и официјално испадна од Премиер лигата, ќе биде достапен за само 30 милиони фунти, што е мала сума за толку млад и талентиран напаѓач во денешниот фудбал.