SportM
Фудбал

Манчестер Јунајтед подготвува одмазда за Кристијано Роналдо?!

Редакција16 ное 2022
Манчестер Јунајтед подготвува одмазда за Кристијано Роналдо?!

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед не излезе со соопштение во врска со интервјуто на Кристијано Роналдо во кое тој зборува негативно за организацијата, тренерот Ерик тен Хаг…

Кристијано Роналдо во последно време ја предизвика една од најголемите бури во светот на спортот. Тој рече дека клубот и тренерот Ерик тен Хаг не го почитуваат, обвинувајќи ги дека на различни начини му вршеле притисок додека тој се обидувал да биде со семејството во тешките моменти летово и слично. Англискиот и светски великан засега се уште молчи, но тоа може да се промени.

Јунајтед ги мобилизира своите адвокати за да се реши ситуацијата со Кристијано Роналдо што е можно поскоро и ситуацијата сега е над Ерик тен Хаг на кој му беше ветено нов напаѓач оваа зима.

Има информации дека Јунајтед би можел да излезе со соопштение во врска со целата работа, во кое потенцијално би била ставена точка за прекин на соработката со Роналдо, а сето тоа во пресрет на големиот настап на Португалија на Мундијалот.

Тоа на некој начин би било одмазда за она што го кажа Роналдо во интервјуто бидејќи сопствениците на клубот Глејзерс се бесни поради сите случувања од претходните денови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.