Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити губи од третолигаш, примија гол од половина терен (ВИДЕО)

Манчестер Сити губи во осминафиналето од третолигашот Лејтон Ориент со 1-0 по нешто повеќе од триесет минути игра. Домашните поведоа во 16. минута од натпреварот кога Џејми Донли шутираше практично од центарот на теренот, ја погоди гредата, а топката од грбот на Ортега се одби во мрежата.  Сепак, тоа не е најлошото нешто што им се случи на „граѓаните“ на овој меч, бидејќи најновото засилување Нико Гонзалес се повреди по само 22 минути игра. Наместо тоа, Пеп Гвардиола му даде шанса на Бернардо Силва.