Фудбал
Манчестер Сити ќе плати 130 милиони евра за две засилувања, сте слушнале ли за нив?!
Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Кусанов (20) ќе му се приклучи на Манчестер Сити со трансфер вреден 50 милиони евра, а на „граѓаните“ ќе им се приклучи и Египќанецот Омар Мармуш (25).
Младиот 20-годишен централен бек на Ленс ги договорил личните услови со Граѓаните, а клубовите наскоро треба да го потврдат трансферот на играчот кој сакаше да го доведе и Реал Мадрид.
🚨🔵 Manchester City are closing in on Abdukodir Khusanov deal! Pep Guardiola also gave his own green light.
As exclusively revealed 10 days ago, he’s the main target and the agreement with RC Lens is at final stages now.
Khusanov agreed personal terms as he wants the move. 🇺🇿 pic.twitter.com/NuFFbYp6Bt
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 10, 2025
Пеп Гвардиола сака да го искористи зимскиот преоден рок за да го врати на вистинскиот пат тимот на Манчестер Сити и ќе донесе нови засилувања за обнова на тимот. Во исто време, египетскиот напаѓач Омар Мармуш ги договорил личните услови да се пресели од Ајнтрахт Франкфурт во Манчестер Сити во трансфер вреден 80 милиони евра.
Како што објави угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг, брилијантниот Египќанец веднаш ќе им се приклучи на Граѓаните откако клубовите ќе постигнат конечен договор. Мармуш оваа сезона во Германија постигна 18 гола и даде 11 асистенции, додека 20-годишниот репрезентативец на Узбекистан Кусанов се покажа како еден од најдобрите одбранбени играчи оваа сезона и Сити гледа голем потенцијал во него.