Connect with us

Фудбал

Мбапе летна по хет-трикот против Сити: Во крвта ми е да постигнувам голови и освојувам трофеји, овој клуб го сакам следен!

Килијан Мбапе по трите голови против Манчестер Сити, малку „летна во облаци“, па по мечот даде силни изјави. Тој рече дека периодот на адаптација поминал и сега ги решета противниците, нешто што му било во крвта.

Беше совршена вечер, бидејќи кога играш против Манчестер Сити, секогаш е тежок натпревар. Силни сме на домашен терен и ги израдувавме сите фанови на Мадрид. Меѓутоа, ако сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите, а тоа го сакаме, мора да продолжиме со истиот менталитет и единство. Не дојдов во Реал Мадрид да играм лошо, туку да испишам историјата на клубот. Периодот за адаптација заврши, немам ограничувања, но најважно е да освојувам трофеи. Постигнав многу голови во текот на кариерата, но немам освоено многу трофеи. Во крвта ми е да постигнувам голови и да освојувам трофеи, вели Мбапе, кој притоа порача кој клуб би го сакал во осминафиналето.

Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен се два врвни тима и многу тешки противници. За мене е подобро ако играме со Атлетико, бидејќи тогаш не мора да патуваме. Дефинитивно очекуваме тешки натпревари“, заклучи Мбапе.