Connect with us

Фудбал

Мбапе против Гвардиол: Летај, летај, магичен потег и гол (ВИДЕО)

Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето на ЛШ откако и во реваншот веше подобар од Манчестер Сити, овој пат во Мадрид со 3:1 (прв меч 3:2). Мбапе имаше фантастична вечер и постигна три голови. Еден од нив е хит на социјалните мрежи, а секако дека дефанзивецот Гвардиол долго ќе го памети. 

При резултат 1-0 за Реал, Родриго го проигра Мбапе, кој остана еден на еден со Јошко Гвардиол, а потоа се случи магијата. Мбапе лажираше удар со левата нога, Гвардиол се обиде да го блокира неговиот удар со лизгање, но Французинот реши да дрибла и да ја префрли топката на десната нога. Погледнете: