SportM
Фудбал

Мегваер повторно е оној „стариот“: Погледнете ја прешката при голот на Ренџерс (ВИДЕО)

E R24 јан 2025
Мегваер повторно е оној „стариот“: Погледнете ја прешката при голот на Ренџерс (ВИДЕО)

Фото: tv21m

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед синоќа во претпоследното коло од Лигата на Европа го совладаа Ренџерс, а нивното славје можеше да го расипе Хари Мегваер, кој направи уште една неверојатна грешка во самиот финиш на натпреварот.

Јунајтед поведе на „Олд Трафорд“ во 52. минута со автогол на гостинскиот голман Џек Батланд, кој несмасно реагираше по корнерот на Кристијан Ериксен, а во 88. минута Мегвајер ги потсети навивачите на „црвените ѓаволи“ зошто се плашат од неговите дефанзивни потези иако тој е навистина добар во последно време. Џејмс Таверние испрати долга топка од сопствената половина од теренот во шеснаесетникот на Јунајтед и се чинеше дека Мегваер рутински ќе ја оддалечи опасноста. Сепак, тој ја промаши топката, која потоа Сириел Десерс и рутински погоди за 1:1.

За среќа на Јунајтед, во 92. минута Бруно Фернандеш постигна гол за 2-1 на асистенција на Лисандро Мартинез, со што беше анулирана грешката на Мегваер, а „црвените ѓаволи“ дојдоа на непосредна дистанца за пласман во осминафиналето на Лига Европа. Следниот четврток, Јунајтед ќе отпатува во Романија за да се соочи со ФЦСБ и со победа дефинитивно ќе се пласираат во осминафиналето, но тие би можеле да се квалификуваат со само еден бод.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.