Фудбал
Милан падна во Ротердам, Мењон како аматер (ВИДЕО)
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2025/02/feenord-milan.jpg)
Фудбалерите на Феенорд го совладаа Милан на домашен терен со 1-0 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Најзаслужен“ за овој резултат беше голманот и капитен на „росонерите“, Мајк Мењон, кој со катастрофална реакција го дозволи единствениот гол на натпреварот.
Феенорд поведе во Ротердам во третата минута од натпреварот, кога Игор Паишао ја затресе мрежата на италијанскиот гигант.
Баерн Минхен успеа да забележи победа на тешкото гостување кај Селтик во Шкотска, а по 90 минути фудбал беше 2:1 за германскиот тим, кој со головите на Олисе и Кејн успеа да обезбеди предност пред реваншот во Минхен.
Дуелот ќе се игра на 18 февруари во Минхен, каде Баерн реално ќе има меч топка за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите:
Монако (Франција) – Бенфика (Португалија) – 0:1
Феенорд (Холандија) – Милан (Италија) – 1:0
Селтик (Шкотска) – Баерн Минхен (Германија) – 1:2
Бриж (Белгија) – Аталанта (Италија) – 2:1
Од вторникот:
Брест (Франција) – Пари Сен Жермен (Франција) – 0:3
Јувентус (Италија) – ПСВ Ајндховен (Холандија) – 2:1
Манчестер Сити (Англија) – Реал Мадрид (Шпанија) – 2:3
Спортинг Лисабон (Португалија) – Борусија Дортмунд (Германија) – 0:3
* Реваншите се следната недела на 18 и 19 февруари.