Фудбал
Милан во полуфинале, засилувањето од Челзи постигна гол на дебито (ВИДЕО)
Екипата на Милан е вториот полуфиналист во Купот на Италија по Болоња, откако со 3:1 ја совлада Рома. Заслужена победа беше ова на „Росонерите“, а тренерот Консеисао одлучи да им даде и по некоја минута на новите засилувања Гомез, Жоао Феликс и Сотил, а како што се знае уште во неделното дерби против Интер дебитираше Кајл Вокер. Токму едно од новите засилувања Жоао Феликс против Рома дебитираше со гол кога ги постави конечните 3:1. Претходно Абрахам постигна два гола, а единствениот погодок за Рома беше дело на Довбук